Отворена изложба со дела од 25-тата Кичевска ликовна колонија

Петар Печков

Во Ликовниот салон во Велес вчеравечер, среда,  беше отворена изложба на дела од 25. Интернационална Кичевска ликовна колонија. На изложбата се претставени 22 уметнички дела, избор од поголемиот опус на дела создадени минатата година во Кнежино, изработени во различни техники - акрил на платно, масло на платно, комбинирана техника и графики

Четврт век опстојување на оваа манифестација, го презентира заедничкиот уметнички опус на творците, организаторите и гостите. Делата се создавани во една креативна и релаксиран атмосфера. Делата кои се изработени во повеќе техники придонесуваат за една богата колоритна  рефлексија на творештвото на учесниците. Сите автори доаѓаат од подрачја кои ја имаат вткаено историјата, не само на своето тло туку со големи букви ја испишуваат светската историја и човештвото. Создадените дела не е само дијалог на уметникот со самиот себеси, тоа е дијалог на уметникот се она што го опкружува и пред се и над се меѓусебен дијалог на авторите учесници     - кажа на отворањето Анита Василкова Мидоска, директор на Народниот музеј на Велес. 

loading...

Поврзани »

loading...


АКРЕДИТИВ ДООЕЛ
Друштво за сметководствени
услуги и финансиски консалтинг.
Тел: 071 390 738; 078 375 014
akreditiv14@gmail.com


АНКЕТА »

Дали имате доволно време да му посветите на Вашето дете/деца?

  • да, за нив секогаш имам време
  • имам многу обврски, тешко се наоѓа
Резултати