Отворена изложба „Психологија на белата девојка“ на Максимовски

Петар Печков

Вчеравечер во Ликовниот салон беше отворена изложба  на ликовниот уметник Славчо Максимовски, наловена „Психологија на белата девојка“. Со триесетина дела работени во различни техники,  масло на платно, акрилик на платно, комбинирана техника, тушеви, графика, акварели. Творештвото на Максимовски изобилува со женски ликови.

Мајка Венера, родилка, божица, тоа се  теми на женските ликови кои авторот  ни ги доловува. Ликовите се експресивни, асоцијативни давајќи нарација, себеиспитување  и Максимовски  не внесува во загадочниот надреализам -рече Елиза Николова виш кустос историчар од Народниот Музеј во Велес.   Максимовски за прв пат се претставува во Велес Има реализирано неколку самостојни изложби во земјата и странство. Работел сценографии, плакати за театарски претстави, автор  е на два краткометражни филмови.

Главниот мотив е белата девојка, да се покаже убавината и чистината на женското битие како најсовршено суштество на природата. Работам женски  лик и акт, што е многу премамливо за цртање со убавината која ја има, без разлика дали е девојка или жена тоа е голем предизвик на секој автор - вели авторот Максимовски. 

Има завршено средно уметничко во училиштето за применета уметност ,,Лазар Личеноски,, Скопје, отсек Применета Графика, во 2007 год. Во 2012год. Дипломски студии на факултетот за Хумани науки и Уметност на Универзитетот во Тетово, наскока Графика, во класата на Проф. Нафи Јашари. Магистрирал на Факултетот за ликовни уметности во Скопје, отсек сликарство,во класа на проф. Јован Шумковски.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати