Отворен ден во велешката Гимназија (фото)

Петар Печков

Вработените и учениците на „Гимназија Кочо Рацин“ од Велес, најстарото средно училиште во земјава одржаа отворен ден. На него ги прикажаа нивните капацитети за образување на учениците како и дел од редовните школски и вон училишни активности. Тие беа посетени од страна на ученици деветоодделенци како и од оделени факултети каде учениците можат да го продолжат нивното образование.

„Се надевам дека им приближивме до учениците, што е тоа што ги очекува во текот на четиригодишното образование во нашата образована институција. Голема благодарност до креативните гимназијалци, колегите кои несебично се вложија, до колегите од основните училишта кои ни укажаа чест и присуствуваа на настанот, како и до претставниците на факултетите кои со своето присуство го збогатија нашиот отворен ден“- кажа директорот на Гимназијата Зоран Јовановски.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати