Отпечатен третиот број на Стрип алманахот

Петар Печков

Излезе од печат  третиот  број на СТРИП АЛМАНАХОТ, специјално издание на ревијата„СТРИП  КРЕАТОР,, единствено постојано стрип списание кај нас.

СТРИП АЛМАНАХ е  замислен како ревија каде што , според дела на македонски сценаристи  се   цртаат стрипови од македонски цртачи но и гости од соседните земји. Така во СТРИП АЛМАНАХ бр. 3 авторските сценарија на Александар Стеванов од Штип, млад  и веќе афирмиран сценарист, хроничар и дизајнер од Штип, беа пренесени од страна на цртачите: Дарко Богданов, Весна Ничевска, Мирко Бојаџиевски, Катерина Тери Николова како и Наташа Коњевиќ –гостинка од Босна и Херцеговина.

Издавањето на оваа ревија  е конкретен обид за стимулирање и афирмирање на македонската стрип сцена – велат од Македонскиот стрип центар.

Ова  издание на ,,Стрип Алманахот,, е  заеднички проект на  Македонскиот стрип центар –Велес а со финансиска поддршка на Министерството за култура на Македонија.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати