Отстранета е артилериската граната,која утрово беше пронајдена во реката Вардар, кај мало Мовче

Петар Печков

Отстрането е артилериското зрно, кое утрово беше пронајдено среде реката Вардар, во центарот на Велес. Него го пронашол рибар, утрово во 8,20 ч. кога градел колтук за фаќање риба, по што повикал полиција.

Малото Мовче, кејот на реката Вардар и околината. денес беа обезбедувани  од полиција до попладнево до 17,15ч. кога гранатата беше подигната. Тоа го стори Ефтим Митров, раководител на одделението за пиротехника од Дирекцијата за спасување и заштита.

„Ме информираа дека е пронајдени неексплодирано бојно средство , во реката Вардар, во Велес.  Ова што го отстранив и дополнително ќе биде уништено на Криволак,  е артилериска граната од 105 мм, со експлозив. Кај истата стои транспортниот осигурач, што ќе рече не може да експлодира. Запалката е малку оштетен е, но осигурачот стои. Таа не е испукана, не е излезена од цевка. со тоа ризикот се намалува 50 отсто и може слободно да се транспортира“- изјави Митров, кој за да ја изврши оваа обврска допатува од Струмица.

Неговото одделение брои само петмина пиротехничари, кои работат на територијата на Македонија.

На прашањето како тоа оваа артилериска граната се нашла во реката Вардар а не е испукана, тој даде објаснување.

„На ова линија се до Гевгелија, проаѓаме  неексплодирани бојни средства. Тие се од полски складиште, или складишта близу реката. Претпоставувам дека ова  е фрлена во реката, некој ја има пронајдено и подоцна ја фрлил. Таков е случајот со Сува река во Гевгелиско. Кога водата ќе надојде, потоа откриваме голем број неексплодирани гранати“’ - додава Митров.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати