Отстранети дрвјата на столбовите од мостот Гемиџии

Петар Печков

Во текот на денешниот ден, отстранети се наносите од дрвја кои беа на столбовите од мостот Гемиџии. Тие ја загрозуваа безбедноста и сигурноста на мостот. Според соседите околу мостот,  дрвјата биле на столбовите закачени околу две години.

На иницијатива на Дирекција за заштита и спасување Подрачно одделение Велес одржан е состанок со раководителот на ЈП „Македонија пат” подружница Велес по што било договорено заеднички да се изведе отстранувањето на наносите дрвја., при што било потребно и пониско ниво на реката Вардар за да може да се работи.  

Дирекцијата за заштита и спасување подрачно одделение Велес, во рамките на своите надлежности врши константно следење на состојбите на терен и утврди недостатоци односно заглавени дрвја на столбовите на мостот Гемиџии на реката Вардар. Од наша проценка дека со надоаѓање на големи води постои голема веројатност да дојде до сериозно оштетување, а следствено на тоа и уривање на мостот - изјавија од  Дирекцијата за заштита и спасување. 

Од утрото екипа од ЈП „Македонија пат” подружница Велес  со нивна механизација и со поддршка од Дирекција за заштита и спасување Подрачно одделение Велес работеа на  расчистување на насобраните односно заглавените дрвја од столбовите на мостот Гемиџии. Тоа заврши после пладне.  Така е отстранета опасноста од евентуални оштетувања на мостот при надоаѓање на голема вода во река Вардар. 

loading...

Поврзани »

loading...

Акција за собирање на електронски и електричен отпад

По четврти пат Општина Велес, ЈКП Дервен и „Нула отпад“ - Скопје организираат Акција за собирање отпад од електрична и електронска опрема За таа цел, компанијата „Нула отпад“ од Скопје отпечати информативен леток кој е дистрибуиран од страна на ЈКП Дервен, со сметките за комунални услуги. Детали

Macedonian butterfly

Македонска пеперутка (Филигран од хартија) Уникатна врамена слика со македонски мотив. http://anicasoleva.com/Handmade/Product/macedonian-butterfly-paper-filigree-framed-picture

Posted by Anica Soleva - Уникатни подароци од хартија on Sunday, January 8, 2017


АКРЕДИТИВ ДООЕЛ
Друштво за сметководствени
услуги и финансиски консалтинг.
Тел: 071 390 738; 078 375 014
akreditiv14@gmail.com