Отфрлено вештачењето на одбраната во случајот со родилката Кадиева, докторката немала лиценца

Петар Печков

Со сослушување на  вештите лица, еден анестезиолог и доктор по судска медицина продолжи судењето за тројцата обвинети доктори од гевгелискта болница, кои се  обвинети за смртта на родилката Мајак Кадиева и нејзиното бебе. д-р Атанас Сивевски анестезиолог од Гинекологија  сведочеше за процедурата при породувањето со царски рез.   

Но тој во еден момент  кажа две различни мислења како е изведена процедурата кај родилката  Кадиева, по што обвинителката Славица Темелковски мораше да го праша  на кое тврдење останува во вештачењето или на тоа  од  главанта  расправа.

Во процедурата имало одредени  неправилности, тоа е точно и корекно -  изјави  д-р Сивевски, откако во судницата  рече дека докторите  немале никакви грешки. 

Судијката Габриела Гајдова го прифана барањето на обвинителката и го отфрли вештачењето кои бранителите на обвинетите го доставија, оти д-р Весна  Антовска немала важечка  лиценца.

Одговарајќи на прашањето  на судијката Гајдова, до вештакот д-р Аристон Ракити, колку алкохолот влијаел при работата на анестезиологот, тој  одговори:

Зависи од концентрацијата и  од видот на алкохолот -  рече д-р Ракити. Во   обвинителниот акт пишува дека двајцата  анестезиолози кога дошле да го изведуваат царскиот рез биле  пијани.     

На следното рочиште, во средината на мај ќе сведочат тројцата обвинети доктори.  За почетокот на  јуни е договорен терминот за завршните зборови.    

Треба да слушнеме што или како во нивните  очи ќе биде  презентирана   теоријата на случајот. Сведочењата на вештите лциа  одат во прилог на обвинението - рече адвокатот на оштетените Делјо Кадиев.

Вештите лица ретерираа во  однос  на првично кажаниот став, кој  е последица на доказите изведени на  главна расправа.  Нивното вештачење во однос на писменото   и на  главната расправа е дијаметралано  спротивно , што е  во  исклучуви корист не само на  мојот клиент туку на сите  обвиниети. Нема ниту еден материјален доказ  дека мојот клиент кога ги извршувал работните активности  бил под дејство на алкохол - рече  адвокат  Милан Трајанов, бранител на обвинетиот  анестезиолот Томче Ванчев. Освен  него обвинети се гинеколозите Венци Чалков  и Дончо Москов. Нив им се суди за кривичното дело ,,тешки дела против здравјето на луѓето,,.   

Според обвиненеито во закажаниот термин, медицинскиот тим не бил комплетиран бидејќи едниот анестезиолог доцнел еден час, а кога пристигнал бил пијан. Сепак гинеколозите продолжиле со оперативниот зафат.  Анестезиологот безуспешно се обидувал пациентката да ја воведе во анестезија со интубација, по што го повикал на помош својот колега – сега покојниот анестезиолог кој бил исто така пијан. И тој направил неколку неуспешни обиди за интубација.

Спротивно на Упатството за безбедна хирургија на СЗО, согласно кое предвидениот број на обиди за интубација не треба да биде поголем од 3, ниту да трае подолго од 10 минути, во случајов постапката траела речиси 30 минути, поради што смртта настапила како последица од задушување.

Со преземените дејствија обвинетите иако биле свесни дека нивното постапување може да предизвика штетна последица, несовесно постапиле при укажување лекарска помош при процесот на породување. Со тоа предизвикале влошување на здравствената состојба кај родилката што резултирало со смртен исход на сега покојната и на новороденчето.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати