Офицерски да го работи следните 20 години, го доби Нексус компани од Велес

Петар Печков

Друштвото за производство, трговија и угостителство ,,Нексус  Компани  ,, од Велес  со понудени 5,44 милиони денари го доби на јавно приватно партнерство објектот на Офицерскиот дом  во Велес. Ова сума од 88, 5 илјади евра  е за година дена без ДДВ додека почетната беше 15 илјади евра. Офицерскиот дом се издава за 20 години, со тоа што тој може да биде единствено како угостителски објект. 

Во првите пет  години, инвеститорот  ќе биде ослободени од плаќање на кирија како противвредност за инвестицијата во реконструкција на објектот. Висината на надоместокот што компанијата ќе го плаќа во следните  15 години ќе варира во зависност од висината на просечната плата во државата.

Согласно Законот за јавно- приватно партнерство должен сум,  да му предложам на Советот на Општина Велес во рок до 30 дена, да донесе одлука за избор на најдобра понуда. По донесувањето на одлуката на  Советот, избраниот  е должен да ги уплати средствата на Буџетот на Општина Велес и со тоа завршува овој оглас - кажа градоначалникот Аце Коцевски. На јавниот повик учествувале уште две заинтересирани страни, ,,Романтик Хотели,, и ,,Ц и Г груп,,  и двете од Велес. 

Минималниот чекор за наддавање бил пет илјади денари а наддавањето траело од 11 до 11,54 минути.  Договорот предвидува јавно приватно партнерство за реконструкција, ревитализација, оперирање, управување и одржување на Офицерскиот дом. Претходната локална власт предвидуваше Офицерскиот да биде Градска куќа со венчално и простории за парламентарците. 

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати