Пановски нај мустаќ, Тодоровски мустаќ во обид

Петар Печков

 Заврши  уште еден месец, посветен на движењето Мовембер, за подигнување на свеста од машите болести.  Со месец ноември, заврши и  акцијата на движењето Мовмебар во Велес.  Членовите на движењето Мовембер се само организираа годинава по шести  пат  а завршницата беше  дружењето, нивниот симпозиум, на крајот од месецот кога во  пивница ,,Паб,, ги мереа мустаќите.

Мотото на забавата беше според музиката тема на групата ,,Квин,,Шоуто мора да продолжи,, и  наградите беа според нумери од ,,Квин,, и нивниот фронтмен Фреди Меркури, со неговиве карактеристични мустаци.  Победник или ,, we are the cahampions,, беше Ангел Пановски,,  а утешната награда  ,, another one bites the dust,, за     Дарко Тодоровски.   

Преку добра забава успеавме кај младата популација во Велес да  ја испратиме пораката за здравје и  превентива од машките болести. Целта е исполнета.  Ако се прави редовна контрола кај доктор барем еднаш годишно, многу поефикасно ќе се решат т.н. машки болести. Ако секој од мажите отиде на превентивен преглед навреме, нема да се  јават  последиците подоцна - изјави   Ѓорѓи Нанов еден од стотината млади велешани кој цел месец носеа мустаќи и ја подигаа свеста за тн. машки болести, ракот на простата и ракот на тестиси. 

И додека тие ја подигаа свеста во велешката болница на одделението за  урологија овој месец и следните два, нема термини, за тие кои се решиле да ја поверат нивната здравствена состојба, да отидат на преглед, слободни термини во ,,мој термин,, нема.   

За овие месец дена  тие собраа средства, кои ќе бидат наменети за хуманитарна цел. Ќе ги доделат на некому кому се потребни   Средствата  се собираа со продажба на маички и приврзоци, со собирање на средства преку касичка и од продажбата на 200 литри  пиво донација од Скопска пивара.  Парите кои ќе бидат донирани   за хуманитарна намена.   

Преку  движењето   Мовембар  од почетокот на ноември,  со носење на мустаќи , со промена на изгледот,  го привлекуваа  вниманието на јавноста и праќаа порака за  внимание кон тн. машки болести. Мовембар е  англиска кованица од зборовите мустаќ и месец ноември.  

loading...

Поврзани »

loading...

Се наградуваат најубаво украсен излог, двор и тераса

Општина Велес ќе додели награди за најуспешна празнична илуминација по повод новогодишните и Божиќните празници:

  • Најубав излог
  • Најубав двор
  • Најубава тераса.

Наградата е во паричен износ од 15.000 денари за секоја категорија.


Macedonian butterfly

Македонска пеперутка (Филигран од хартија) Уникатна врамена слика со македонски мотив. http://anicasoleva.com/Handmade/Product/macedonian-butterfly-paper-filigree-framed-picture

Posted by Anica Soleva - Уникатни подароци од хартија on Sunday, January 8, 2017


АКРЕДИТИВ ДООЕЛ
Друштво за сметководствени
услуги и финансиски консалтинг.
Тел: 071 390 738; 078 375 014
akreditiv14@gmail.com


АНКЕТА »

На што ќе се греете зимава?

  • огревно дрво
  • пелети
  • нафта
  • ќумур
  • електирична енергија
Резултати