Панчевски не го разбира обвинението, оти го примил додека е во притвор а претходно осум месеци избегнуваше да го прими

Петар Печков

Обвинетиот екс претседател на Основен суде Скопје 1, Владимир Панчевски не го разбира обвинението за кое се товари, па денешната главна расправа беше прекината и продолжението најавено за понеделник во 10 часот во Основен суд Велес.  Нему му се суди за кривичното дело ,,Злоупотреба на службената положба и овластувања,,. 

Обвинителката Цветанка Богоевска во подолгото презентирање на обвинителниот предлог рече дека  обвинетиот како службено лице – претседател на Основен суд Скопје 1, извршил повеќе дејствија на кривичното  дело, со пречекорување на границите на службено овластување.

Обвинетиот потешко ги повредил правата на друг за еднаков пристап“ - рече Богоевска. Таа наброи 40-тина предмети  најмногу  дела од Обвинителството за организиран криминал, во периодот 2013-та -2014-та кои по барање на Панчевски биле распределувани кај судиите Весна Димишковска, Јани Нича, Ивица Стефановски, Дијана Грујовска, Огнен Ставрев, Павлина Христова, Горан Бошевски. 

Две дела пак  според обвинението поврзани со нелегално прислушуваните разговори по барање на Панчевски биле доделени на судијките  Лилјана Петровска и Татјана Михајлова. 

Во продолжение од главната расправа, прашан од судијката Валентина Ѓорѓиевска, дали го разбира обвинението, обвиениот кажа дека не го разбира.

Обвинителниот предлог го добив кога сум во притвор. Не разбирам зошто сум обвинет, немам докази кои ги има јавниот обвинителство.  Се цитираат членови од повеќе Закони, кои не можам да ги пронајдам додека сум во притвор. Потоа предметите  кои се цитираат се од пред шест , седум години - рече Панчевски.

Претходно тој кажа дека на 15-ти јули сам се пријавил во КПУ Затвор Скопје, во притвореничко одделение, откако во јавноста дознал дека имало притвор за него. Тоа било подоцна од 10-ти јули, кога му е одреден притворот од страна на Основен суд Велес, оти било викенд  а тој не било дома. 

Неговиот бранител  адвокат Петро Јанура, реагираше дека за обвинетиот нема правосилна одлука дека е разрешен од функцијата судија, која Врховен суд подоцна ја демантираше, објавувајќи го решението.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати