Папокот на анамата најдобро благо на 23-тото дружење Благцето на Баба

Петар Печков

По 23 пат на Мотелот ,,Бела Вода,,  а втор пат со  натпреварувачки карактер, се одржа манифестацијата ,,Благцето на баба,,.  Неколку стотини жени, пензионерки од дваесетина градови од Македонија минаа незаборавни мигови на дружење и забава, покрај велешкото езеро Младост.   Жири  комисијата која избираше  по вкус и изглед, избра три најдобри блага а победи радовишката ,,кадајка,, на Снежана Клинчарова. 

Старо благо е, многу старо јас го научив од баба ми. Ова јадење е познато како папокот на анамата  се подготува за празници за Божик, Велигден, Лазарица. Најмногу го сакаат внуиците.  Се подготвува со еден литар млеко кое се вари, се додаваат  два филџани масло за јадење, се трга од оган  потоа и половина кг гриз и тоа се меси па се додаваат четири јајца и се формираат како мали погачки па се печат  а пред тоа се премачкуваат со зејтин.  Во средината се става  вишна, откако ќе се испече се додава шербет, стои цела вечер -  објасни Снежана.  

Дел од средствата од продажбата на билети, традиционално  се издвојуваат за велешанец на кој му е потребна финансиска помош а дополнително ќе бдие одлучено кому. Блогојка Настова е претседателка на Активот на жени пензионерки од Велес кое работи во рамките на Здружението на пензионери од Велес, организатор на манифестацијата.

Карактеристика на оваа манифестација е што се презентираат блага изработени по рецепти од нашите баби и мајки. На овој начин ја промовираме традицијата, која не треба да се заборави - рече Настова. 

Велешанката  Виолета Кимовска  имаше впечатлива изработка на домашни благца а посебно интересни беа велигденските јајца. 

Овие јајца се од смеса од бисквити, ореви, малку маргарин, и одзгора залепени со мрвици. Тие се пригодни Велигденски - објасни Виолета.

loading...

Поврзани »

loading...

Фестивал на велешка пита и  вино 2018

ЈАВЕН ПОВИК – ПОКАНА ЗА УЧЕСТВО за манифестацијата „Фестивал на велешка пита и  вино 2018“

Детали

Macedonian butterfly

Македонска пеперутка (Филигран од хартија) Уникатна врамена слика со македонски мотив. http://anicasoleva.com/Handmade/Product/macedonian-butterfly-paper-filigree-framed-picture

Posted by Anica Soleva - Уникатни подароци од хартија on Sunday, January 8, 2017


АКРЕДИТИВ ДООЕЛ
Друштво за сметководствени
услуги и финансиски консалтинг.
Тел: 071 390 738; 078 375 014
akreditiv14@gmail.com


АНКЕТА »

Дали ВАР технологијата воведена на ова СП во фудбал, придонесе тоа да биде поправедно?

  • да
  • не
  • не го следев СП
Резултати