Паркингот кај Ликовен асфалтиран и пуштен за користење

Петар Печков

Утрово  паркингот кај Ликовен салон, повторно е во функција. Откако три седмици беше затворен поради  асфалтирање, тој од денес може да го користат сопствениците на автомобилите.  Овој период од најавените пет дена, на 20 дена реконструкција, предизвика жестоки реакции во јавноста.  За два дена, викендов, беше извршено асфалтирањето и бележењето. 

По триесетина години, конечно и асфалтиран и обележен, со хоризонтална и вертикална сигнализација, паркингот спроти библиотеката - напиша на неговиот ФБ профил градоначалникот Аце Коцевски.  

Тој на сите возачи, корисници на паркингот им се извини за доцнењето на градежната оператива. Претходно објави дека изведувачот ,,Изгрев,, побарал да биде затворен паркингот заради асфалтирање, иако не бил подготвен тоа да го изврши веднаш.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати