Партиски реакции, како работи Советот на Општина Велес, по првите три седници

Петар Печков

СДСМ покажа неподготвеност и несериозност за организација на работата на Советот . Тоа можевме да го видиме во неколку наврати како со незаконското и неделовничко свикување на втората седница така и со текот на третата седница на советот на општина Велес.

На последната трета седница, советот на општина Велес, по предлог на Ненад Коциќ го дополни дневниот ред со две нови точки, кои подоцна во текот на расправата поради недоставување на материјал предлагачот едната ја повлече.

По констатирањето дека материјали за дополнителните точки не се доставени, во насока на заштита на процедурите на Советот, и пред се заради заштита на интересите на граѓаните, советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата побара пауза за процедуралните нарушувања да бидат отстранети. 

Но наместо паузата да ја искористи за да создаде услови за нормално и законско работење, претседателот на Советот Душко Петров, по паузата, ја продолжи седницата без да бидат доставени материјалите.  За иронијата да биде поголема, тоа е токму точката за која СДСМ тврдеше дека има итна потреба од расправа а се однесуваше на преземање на мерки против загадувањето. Колку неодговорно и несерозно.

Понатаму,  дневниот ред кои првично беше предложен со 9 точки, беше наподолнет со нови 30 точки, речиси сите од неодржаната втора седница. Дополнително беа дадени две паузи од час и половина и еден час за да дел од одлуките бидат објавени во службен гласник.

Гледајќи ги сите овие работи, прашуваме: дали ова е причината оти не се снимаат седниците на совет односно дали ова се причините што на јавноста и е скратено да ги следи последните две седници во кој се руши угледот на Советот  на општина Велес – кажа Ангел Димов од ВМРО-ДПМНЕ на прес конференција. 

 На овие забелешки на  советничката група на опозицијата,  реагираа од локалана власт.  

Од се што е кажано, единствено е точно дека советникот Ненад Коциќ побара две дополнителни точки на дневниот ред и тоа: Разрешување на целиот УО на ГРК Борец, затоа што дел од членовите еден ден после изборите, си поднесоа оставка, за што бевме информирани од страна на играчите на нивната фб страна, по што беше оневозможено работењето на клубот и играчите беа оставени без елементарни услови за работа. Втората точка беше предлогот под итно да се донесат превентивни мерки за намалување на загадувањето на воздухот во Велес.  Советниците од ДПМНЕ, за жал, одбиваат да учествуваат во работата на Комисиите, па затоа и не знаат дека од страна на општинските служби беше предложено наместо итни мерки да се донесе Стратегија со краткорочни, среднорочни и долгорочни мерки за квалитетот амбиенталниот  воздух, што како предлог беше прифатено од предлагачот Ненад Коциќ и истата ќе биде донесена оваа недела. Доколку учествуваа во работата на комисиите советниците на опозицијата ќе знаеја за ова барање и немаше да шират невистини. Зошто и покрај тоа што земаат народни пари, не учествуваат во комисиите, треба да им објаснат на своите гласачи. 

Патетично е партијата која 8,5 години не презема ниту една мерка за намалување на загадувањето на воздухот во Велес и покрај барањата и прозивките на граѓаните на Велес, да обвинува за несериозност, кога на ПРВАТА работна седница, после 8,5 години,  Собранието на општина Велес, како приоритет  ја става борбата за почист воздух. 

Неточно е дека Претседателот Петров не им ја доставил потребната документација, затоа што советниците бараа биографии за пет предлог членови на Советот за јавно здравје. Со оглед на фактот дека не е деловничка обврска да се достават веднаш, им беше соопштено дека ќе им бидат доставени дополнително. 

Наместо да излезат и на велешката јавност да и објаснат дали и како дозволија масовна злоупотреба на општинскиот имот, возење и уништување државни коли од страна на  партиски функционери, ангажирање лични возачи со пари на граѓаните на Велес, што испија и изедоа за илјадници евра народни пари за Питијадата и за време на своето владеење, како дозволија општината да се задолжи 2.700.000 евра, тие испаѓаат на  прес конференции, жалејќи се дека имале многу дури 39  точки, на дневниот ред  - порача Ненад Коциќ од коалицијата на СДСМ. 

loading...

Поврзани »

loading...
Macedonian butterfly

Македонска пеперутка (Филигран од хартија) Уникатна врамена слика со македонски мотив. http://anicasoleva.com/Handmade/Product/macedonian-butterfly-paper-filigree-framed-picture

Posted by Anica Soleva - Уникатни подароци од хартија on Sunday, January 8, 2017

Дежурство на аптеките (НОЕМВРИ)

АКРЕДИТИВ ДООЕЛ
Друштво за сметководствени
услуги и финансиски консалтинг.
Тел: 071 390 738; 078 375 014
akreditiv14@gmail.com