Патеките и летниковците на езеро Младост ќе се чистат шест пати неделно, во текот на сезоната

Петар Печков

Советот на Општина Велес  на последната седница со мнозинство гласови ја донесе точката за одржување на јавната чистота. Со неа меѓу другото се  одлучи за одржување на хигиената на езеро Младост а како новина е што таму секојдневно ќе се чистата патеките и летниковците.

Ова доаѓа по бројните реакции на посетителите на овој рекреативен центар, поради нехигиената која во одредени денови  во летната сезона беше присутна.  

Одржувањето на хигиената ќе биде секој ден освен в недела во периодот од 1-ви април до 31-ви декември.  Ангажиран работник во една, прва смена,  ќе ги одржува   малата и големата пешачка патека, летниковците со корпите за отпадоци, пристапните улици во викенд зоната  и зоната за домување - пишува во одлуката.  

Појасот околу реката Бабуна до трети вир останува да се чисти со досегашната динамика, два пати годишно, во јуни пред сезоната за капење и во септември по завршувањето на сезоната. 

Четири пати годишно се чисти  крајбрежјето на река Вардар низ Велес, од Железен мост до Стар мост, за Водици, во април, август и октомври. 

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати