Патиштата проодни, сообраќајот се одвива во зимски услови

Петар Печков

Патиштата во поширокиот велешки регион, по наврнатиот снег се проодни, нема застој, но сообраќајот се одвива во зимски услови. 

Од Центарот за управување со кризи кажаа дека нема никакви проблеми, кои надлежните служби ги регистрирале. Од Општина Велс информираа дека се чистат патиштата кон Иванковци и Мамутчево, кон Горно Оризари и Сујаклари, кон Бузалково а машините на Изгрев и Македонија пат се постојано на сообраќајниците. На нив се посипува сол за да снегот се стопи.  И сообраќајот кон Јаболчиште, Богомила, Извор е без застој. 

Од ЈКП Дервен информација дека на чистење на тротоарите се вклучени вработените од РЕ паркови и зеленило и од РЕ Комунална хигиена, кои посипуваат сол на повеќе локации во градот. Нивните вработени го одржуваат двата моста во Велес, како и приодните патишта до двете цркви, кои се исчистени и проодни.

Железничкиот сообраќај на Железничка станица Велес  се одвива без задоцнувања, додека автобусите на Автобуска доаѓаат со мало задоцнување.  

loading...

Поврзани »

Мирна новогодишна ноќ
loading...

Ронтис вработува оператори во производство

Швајцарската мултинационална компанија активна во областа на фармацијата и производство на медицински помагала РОНТИС, заради зголемување на својот постоечки капацитет во фабриката во Велес, има потреба да вработи:

30 (триесет) Оператори во производство



АКРЕДИТИВ ДООЕЛ
Друштво за сметководствени
услуги и финансиски консалтинг.
Тел: 071 390 738; 078 375 014
akreditiv14@gmail.com


АНКЕТА »

2018-та е зад нас. Како ќе ја помните?

  • како и секоја друга
  • имаше и убави и лоши моменти
  • ми донесе многу радости и убави мигови
  • што поскоро да ја заборавам
  • постар сум за една година
Резултати