Патничкиот воз ,,Пелагонија експрес,,времено укинат

Петар Печков

Од  понеделник нема да сообраќа експресниот патнички воз ,,Херакела,, поранешен ,,Пелагонија експрес,,   кој возеше на релација Скопје- - Битола - Скопје. Во соопштението од Македонски железници Транспорт  објаснуваат  дека до ова доаѓа поради ,,оперативно технички проблем,, и дека експресниот воз, кој застануваше само во Велес, Чашка, Богомила и Прилеп  нема да сообраќа времено, се до  отстранување на проблемите.

Кога повторно ќе биде пуштен во сообраќај јавноста  ќе била известена исто со писмена информација.  Железничарите објаснуваат дека причина за укинувањето,  е што една од новите моторни композиции, популарните ,,Кинези,, била расипана. 

Според постојниот возен ред  ,,Херакела експрес, од Скопје за Битола,тргнуваше во 17,10 ч. а од Битола за Скопје во 5,20 ч. патувањето траеше 2,40 часа. заради што на билетот има и доплата од 50 денари. 

loading...

Поврзани »

loading...


АКРЕДИТИВ ДООЕЛ
Друштво за сметководствени
услуги и финансиски консалтинг.
Тел: 071 390 738; 078 375 014
akreditiv14@gmail.com


АНКЕТА »

Дали имате доволно време да му посветите на Вашето дете/деца?

  • да, за нив секогаш имам време
  • имам многу обврски, тешко се наоѓа
Резултати