Патот Чашка - Голозинци се реконструира и дел од денот ќе биде затворен за сообраќај

Петар Печков

Регионалниот пат Населба Чашка - Голозинци се проширува и асфалтира.

Поради ова, од среда 26 јуни до крајот на летото,  патот ќе биде затворен за сообраќај во одреден дел од денот.

Следните два месеци до крајот на август во периодот од 10 до 16 ч. патот ќе биде затворен за сообраќај, секој работен ден.

Затоа се предупредуваат жителите на населените места Јаболчиште, Дреново, Врановци, Лисиче, Голозинци и Мелница, но и сите кои планираат да го користат, дека нема да можат да сообраќаат на овој патен правец.  

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати