Пациентите од кожната амбуланта чекаат за преглед на отворено

Петар Печков

Пациентите кои се упатуваат на кожната амбуланта за да влезат на преглед, чекаат  на отворено. Деновиве кога температурите осетно се симнаа тие се приморани да  стојат пред вратата, додека  да бидат прегледани. За ваквата состојба  тие реагираа и бараат соодветни услови додека чекаат.

Стоиме на отворено, нема каде да чекаме додека дојдеме за преглед. Згора на тоа се нарушува приватноста, амбулантата е на влезот во Болницата и сите кои доаѓаат во оваа институција знаат каде и што чекаме, за кој лекар. Како помош ни се понудени пластични столици да не стоиме - велат пациентите.   

Вака е од месец мај, кога кожната амбуланта се премести од Здравствениот дом во центарот на Велес во кругот на Болницата. Директорот  Димитар Стровјаноски објаснува дека ова е времено решение.  

Со преместувањето на интерната амбуланта  на приземјето, ќе се отвори  можност кожната  амбуланта да се пресели на местото каде сега е интерната амбуланта - рече директорот д-р Димитар Стровјаноски.  

loading...

Поврзани »

loading...

Ронтис вработува 15 оператори

Швајцарската мултинационална компанија активна во областа на фармацијата и производство на медицински помагала РОНТИС, заради зголемување на својот постоечки капацитет во фабриката во Велес, има потреба да вработи:

15 (петнаесет) Оператори во производство



АКРЕДИТИВ ДООЕЛ
Друштво за сметководствени
услуги и финансиски консалтинг.
Тел: 071 390 738; 078 375 014
akreditiv14@gmail.com


АНКЕТА »

Дали е потребно забрана за користење на мобилни на наставата во училиштата?

  • да
  • не
Резултати