Пеливаните на ПК ,,Пеливан,, прваци на Македонија (фото)

Петар Печков

Неделата во населба Чашка  на стадионот пред бројна публика, се одржа  натпревар за пеливански првак на Македонија.  Се бореа екипите на  ПК Пеливан од Велес и ПК Асови од Штип, кој во лигата имаа ист број бодови.  Победи  и првото место го освои ПК ,,Пеликан,, од Велес  кој стана шампион на Македонија. пред ПК,,Асови,, од Штип.  За најдобри борачи беа прогласени Асан Камбери и Дејан Митров. 

Фудбалерите на Борец 1919 газат се пред себе во Втората лига Исток. Вчера во Радовиш со 1:4 (1:1) ја совладаа екипата на Плачковица, која во пет натпревари имаше три домашни победи. Домаќинот и поведе во 8-та минута а велешани преку  Бојан Колевски во 15-тата израмнија, со кој резултат се отиде на одмор. Во вторите 45 минути доминација на лидерот и со головите на  Симеон Христов во 55 и 59-та и Ѓорѓи Ѓоргиев со 69-та дојдоа со нови три бода и максимален учинок, шест победи во шест кола. Сами се на врвот зад нив е екипата на Кит-го од Пехчево која има пет бода заостанување. Во сабота на Градски доаѓа некогашниот ривал Вардар од Неготино, кој годинава е во слаба форма има две победи и е 7-ми од 10 екипи. 

Во Третата лига Центар продолжува победничкиот од на двете велешки екипи, ФК Превалец и ФК Бабуна. Тие славеа и се наоѓаат на врвот од оваа конкуренција.  ФК Бабуна дома победи со  убедливи 5:0 против екипата на ФК Големо Коњари додека ФК Превалец на гостувањето во Црнилиште славеше со 0:2 против екипата на ФК Ново Црнилиште. Третиот третолигаш, новакот во ова друштво екипата на ФК Тополка загуби со високи 8:1 во прилепско Житоше од Братство 07.

Следното коло, се игра сабота освен ФК Тополка која петок  игра со последно пласираниот ФК Напредок од прилепско Крушеане кој има еден бод,  ФК Превалец игра дома со ФК Тополчани кој е петти со 6 бодови а ФК Бабуна гостува на  кавадаречка Марена на ФК Марена која е шеста со три бода. 

loading...

Поврзани »

loading...

Macedonian butterfly

Македонска пеперутка (Филигран од хартија) Уникатна врамена слика со македонски мотив. http://anicasoleva.com/Handmade/Product/macedonian-butterfly-paper-filigree-framed-picture

Posted by Anica Soleva - Уникатни подароци од хартија on Sunday, January 8, 2017


АКРЕДИТИВ ДООЕЛ
Друштво за сметководствени
услуги и финансиски консалтинг.
Тел: 071 390 738; 078 375 014
akreditiv14@gmail.com


АНКЕТА »

Дали ВАР технологијата воведена на ова СП во фудбал, придонесе тоа да биде поправедно?

  • да
  • не
  • не го следев СП
Резултати