Пендаровски - да создадеме правна и демократска држава

Петар Печков

Стево Пендаровски претседателскиот кандидат на СДСМ, ДУИ и 30-тина други коалициони партнери, одржа   трибина со граѓаните, во амфитеатарот во Младинскиот парк. Тој им се обрати на присутните и образложи кои биел неговите мотиви повторно да учествува во претседателската трка.   

Нашата главна цел е Северна Македонија да биде демократска и правна држава.  Да направиме амбиент за тие што остана да има амбиент тука да се вработат и просперираат, не само за една партија, за една фамилија. Повеќе демократија, повеќе економски развој, поголема безбедност  е патот по кој треба да оди  нашата држава. Изминатите две години се донесоа тешки одлуки, се направија тешки компромиси  кои беа нужни за да ги отвориме вратите на  интеграциите, на модерниот, развиениот  свет, за да дадеме шанси за подобар живот на младите генерации, наместо да одат по белиот свет, тука да имаат шанса да започнат живот. На оваа генерација македонски политичари и падна да ги реши најтешките проблеми од независноста до  денес, тие не беа лесни  - кажа Стево Пендаровски.

Тој потсети дека во претседателските избори во 2014-та имал 400 илјади гласа и сега очекува најмалку  половина милион, и дека и тогаш и сега е со ист реден  број на гласачкото ливче ,,3,,. 

 Пред присутните на трибината говореше и лидерот на СДСМ и премиер Зоран Заев. 

И пријателска Руска федерација не призна, ни подаде рака, затоа што градиме исправни политики. Тоа е патот по кој треба да одиме, со решени меѓународни проблеми. Така ќе имаме подобра економија дома, подобро здравство, подобро образование, култура, социјална заштита. Парите не ги лупнавме во врби и споменици. Ако сакаме живот,среќа мораме да им помогнеме на најсиромашните, да има живот за сите. На овие претседателски избори, изборот е лесен, оти понудата од другата страна е млатење празна слама.   Да слушнеме како може поинаку, нема алтернатива. На нашите прашања  ,,ќе го поништите ли договорот со Грција,, добиваме мрчење, одговор нема. Договорот со Грција значи никогаш повеќе војна - рече Заев. 

Тој образложи  зошто Стево Пендаровски е нивниот избор за кандидат за претседател.

Стево Пендаровски е човек кој  сплотува, обединува, кој не дели, човек за кого сите се еднакви, кој го поддржува овој концепт на едно општество за сите. Тој  беше тука и 2014-та , кога трчаше втор круг за да ја покаже грозотијата на режимот, да видат сите  дека гласовите се украдени.  Од тогаш како независен, непартиски и над партиски човек , остана  да се бори со нас и во шарената револуција,  и како носител на листа за парламентарни избори. Можете да замислите колку побрзо ќе се движиме кога ќе имаме ваков претседател на државата и затоа сум втурнат во негова поддршка. Верувам дека имаме најдобро решение за целиот народ и за нашата земја. Со нашиот, вашиот глас, го одредуваме правецот по кој ќе се движи нашата земја. Пендаровски  е скорен професионално, професор по меѓународно право, за оваа функција. Во неговиот животен опус  имаше можност да учи од Гиро Глигоров,  како треба,  да ги советува и претседателот Црвенковски и претседателот Трајковски. И да учи како не треба од претседателот Иванов.   Стево опслужувал претседатели и од левицата и од десницата.   Ни треба вистински претседател, кој ќе не води, ќе биде будното око  на граѓаните според уставните надлежности, ќе биде вистински командант на  армија членка на НАТО, претседател кој ќе одржува говор кој ќе обединува а не ќе дели -додаде Заев. 

loading...

Поврзани »

Почина д-р Милчо Трајков
loading...


АКРЕДИТИВ ДООЕЛ
Друштво за сметководствени
услуги и финансиски консалтинг.
Тел: 071 390 738; 078 375 014
akreditiv14@gmail.com


АНКЕТА »

Какви специјалистички здравствени услуги користите?

  • од јавното здравство
  • од приватното здравство
  • комбинирам
Резултати