Петмина заразени и шестмина оздравени од ковид-19 во велешко денес

Петар Печков

Бројот на ново заразени лица со ковид-19 во велешко денес е петмина додека оздравеле шест. Ова е билансот кој го објави Министерството за здравство. Бројот на активни случаи во велешко е 32 лица.

Од петте нови случаи, двајца  се мажи и три се жени. Четворица од нив остануваат на домашно лекување еден е на Инфективно одделение. Од шесте издравени, тројца се мажи и три се жени, четворица се од Инфективно одделение, двајца  од домашно лекување. Три од новите случаи работат во други градови и според епидемиолошката анкета сметаат дека се заразиле од работното место, еден бил на викенд во Охрид а една пациентка, не може да каже од каде се заразила - информираа од Центарот за јавно здравје Велес.

Досега во велешко има 328 лица кои биле заразени, 280  оздравеле и 16 се починати.

На инфективно одделение има 19 пациенти и сите се потврдено позитивни- соопшти др. Весна Николовска Неделкова, портпарол на Општа Болница Велес.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати