Петнаесет години затвор за кавадарчанец за убиство во обид

Петар Печков

Кавадарчанец доби 15 години затвор за обид за убиство и противправно лишување од слобода.   

Игор Стојановски (38 год)  во Основен суд Велес беше прогласен за виновен откако го призна делото, по судијата му изрече затворска казна од 14 години и 10 месеци за убиство во обид и половина година затвор за  противправно лишување од слобода или во единствена казна од 15 години.

Висината на казната судијата ја образложи  дека обвинетото делото го сторил сиврепо, иако го признал делото,  не покажал покајување,  дека кога го сторил делото се криел, бегал, го менувал престојувалишето, додека не бил фатен од полицијата. 

Настанот се случил на 6-ти јуни минатата година, кога Стојановски телефонски ја побарал оштетената Рената Ангелова  од Кавадарци да одат за Прилеп. Таа прифатила и обвинетиот ангажирал такси- возило, но со него наместо кон Прилеп се упатиле во правец на село  Бегниште.

Според обвинението кога дошле до крајот на селото, тој и рекол на оштетената да излезат од возилото и продолжиле да се движат пеш по блиските ниви. Во еден момент, обвинетиот извадил нож и со него ја прободел оштетената во стомакот од десната страна под градниот кош. Потоа си заминал оставајќи ја оштетената сама.

По неколку часа се вратил за земал Рената и ја однел во неговата куќа и таму ја оставил, иако оштетената имала болки и крвавења и го молела да ја однесе на лекар. Пак се вратил и утредента, на 7-ми јуни 2018 година, на инсистирање и молба од оштетената со такси ја однел до село Сопот, во близина на куќата на нејзините баба и дедо, ја исфрлил од такси возилото во бесвесна состојба и таму ја оставил.

По извршувањето на кривичното дело, обвинетиот се криел во повеќе градови низ Македонија, честопати го менувал своето престојувалиште, што упатува на можност тој да се даде во бегство доколку биде на слобода поради што му е продолжен притворот. Ова дело го сторил откако излегол од затвор, каде минал дел од животот поради извршување кривични дела најчесто против имотот. 

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати