Петре Саздов - во времето на Коцевски не се вложуваше во економијата

Петар Печков

Аце Коцевски додека беше градоначалник одвојуваше само по 38 000 денари годишно за економски развој на Велес. Тој повеќе трошеше за рекламирање на својата работа од планирање и развивање на локалната економија.Еве ја завршната сметка од 2006-та година кога со општината раководеше господинот Аце Коцевски.

Годишен извештај кој го поднел Аце Коцевски како градоначалник и кој го заверил со свој потпис тогашниот претседател на Советот на општината од редовите на СДСМ.

Стои запишано, почитувани граѓани, дека Аце Коцевски како градоначалник, за цела една година, за развој на локалната економија издвоил потценувачки 38.456 денари! Тоа е наведено црно на бело во овој Извештај на општината од завршната сметка за 2006 година.

Во таа 2006 година, кога Аце Коцевски вложил мизерни 38 илјади денари за локалната економија, нашиот град го достигна дното по бројот на невработени лица. Црниот рекорд на Велес од скоро 17 илјади луѓе без работа. Кога Велес се гушеше во невработеност и фабриките се затвараа, наместо за економијата, Аце Коцевски трошеше за шминкање на главната улица.

Ова е, почитувани граѓани, најдиректниот доказ кој покажува колку Аце Коцевски НЕ работеше за нашиот град и доказ за неговиот крајно потценувачки однос спрема сите велешани.  СДСМ и Аце Коцевски не направија ништо за економијата во Велес. Нивните економски проекти во цели 9 години управување со градот се рекордна невработеност и затворање на фабриките.

За разлика од времето на Аце Коцевски кога фабрики се затвараа и работниците ги губеа своите места, овие изминати години кога со општината раководи ВМРО-ДПМНЕ и градоначалникот Славчо Чадиев се отвори нова фабрика и се отворија нови работни места за нашите сограѓани – изјави Петре Саздов кој е на третата позиција на листата за советници од ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати