Пет години затвор за разбојништво на златарницата Принцес

Петар Печков

За разбојништвото на златарницата ,, Принцес,, Горан Спасов  (24 год) од населба Отовица  доби пет години затвор. 

Безмалку две години откако Спасов  се обиде да ја ограби златара, во Основен суд Велес по само едно рочиште, заврши судењето, со кое  обвинетиот се товареше за разбојништво. 

Тој пред судот го признал делото, по што судот го прогласил за виновен и му изрече казна затвор од пет години. Настанот се случи на 30 ноември  2015 година околу 11,30 часот, во златарницата ,,Принцес,, лоцирана на улица 8 –ми септември близу Поштата. 

Според обвинението Горан Спасов влегол  во златарницата маскиран со бело -црна капа на главата и црн шал на устата и носот, при што од десниот џеб извадил кујнски нож и со истиот заканувајќи му се на сопственикот, му наредил да го стави златото кое го има и  било изложено во торба, која што ја носел со себе.

Тогаш оштетениот, сопственикот на златарата, пружил отпор, се спротивставил,  го испрскал со солзавец и чај, а при тоа успеал да го вклучи и алармот од објектот, по што обвинетиот се дал во бегство. Полицијата Спасов  го уапсила во Градскиот парк.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати