Пет косовски државјани и еден албански платиле по 800 евра глоба, оти се движеле во време на полициски час

Петар Печков

Пет косовски државјани и еден албански,  се казнети со по 800 евра, бидејќи не го почитувале полицискиот час, кој е на снага во земјава. ОЈО Велес побарал од Основен суд Велес, да им изрече мерка парична казна на обвинетите, кои се од два одвоени кривично правни настани. Судот го прифатил барањето и им изрекол глоба на обвинетите. Тие не се  жалеле и веднаш ја платиле.

На 25.03.2021 во 23.40 часот на автопат Велес - Скопје, во близина на наплатна станица „Виничани“, полициски службеници од СВР Велес, при контрола на патничко возило „бмв“, со косовски национални ознаки, биле лишени од слобода возачот М.З.(27) и нејзините сопатници А.Ш.(37), А.Ш.(34), Е.Ш.(29) и А.А.(31), сите од Косово, поради „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“.

Основното јавно обвинителство во Велес до Основен суд Велес поднесе Обвинителен предлог против пет  лица – косовски државјани за кривично дело „Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“  .

Обвинетите на 24.3.2021 година во 23:40 часот со автомобил се движеле по автопат Е-75, при што кај наплатната станица Виничани се сопрени  и легитимирани од полициски службеници на СВР Велес. Обвиените објасниле дека се враќале од казино од Гевгелија.

СВР Велес поднесе кривична пријава против И.П.(46) од Албанија, за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. На 22.03.2021 во 22.00 часот, во близина на наплатна рампа „Отовица“ од полициски службеници бил лишен од слобода И.П., бидејќи бил затекнат околу 22.20 часот на наплатната станица на автопат Велес – Скопје, со што не ја испочитувал мерката со која се забранува движење во временски период од 22.00 часот до 05.00 часот, со цел спречување на ширење на вирусот ковид-19. И нему му е изречена глоба од 800 евра, која обвинетиот не се жалел и ја платил.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес

АКРЕДИТИВ ДООЕЛ
Друштво за сметководствени
услуги и финансиски консалтинг.
Тел: 071 390 738; 078 375 014
akreditiv14@gmail.com


АНКЕТА »

Дали Општина Велес да се задолжи со 46 милиони денари, за да се изгради покриен Градски пазар?

  • да
  • не
Резултати