Пет од седумте заразени со ковид-19 од Велес, се на Инфективно одделение на велешка болница

Петар Печков

Состојбата на седумте заразени лица со ковид -19 од Велес е стабилна, информираше д-р Весна Николовска Неделкова, портпарол на ЈЗУ Општа Болница Велес.  

На инфективното одделение е сместен и  најмладиот пациент, кај кого вчера беше откриен ковид -19. Тука се и четирите претходно заболени лица. Сите се во стабила состојба. Две лица се пренесени во Скопје, за нивната здравствената состојба ќе треба да се обратите до тамошните здравствени институции - изјави -др. Николовска Неделкова.  

За осмиот, денес  ново откриено лице полициски службеник  велешанка која работела на  ПС Петровец, а се заразила во рамките на работното место, до 15 ч. немаше информации каква е нејзината  здравствена состојба.

Директорот на ЈЗУ Центар за јавно здравје Велес, Тони Димитриев  исто така до 15ч. немаше информација са осмиот пациент а за седмиот рече дека се ,,заразил во рамките на семејството,,. Тој  за седмиот заразен пациент, кажа дека ,,најверојатно  со ковид-19 се здобил од близок роднина, во рамките на семејството, кој  се вратил од странство,,

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати