Пешак удрен од автобус, на пешачки, утрово кај Трговскиот

Петар Печков

Утрово на  одбележан пешачки премин, пешак бил удрен од автобус. Сообраќајката се случила кај Трговскиот центар, во новиот дел на градот, автобусот според сведоците доаѓал од улица Борис Трајковски и вртел кон десно, по улица Благој Ѓорев.   Поради карактерот на повредата, жената е префрлена на Ургентен во Скопје.


На 29-ти октомври, во  7  часот на ул.„Благој Ѓорев“, во близина на Трговски центар во Велес, автобус со велешки регистарски ознаки, управуван од Т.Р.(59), удрил во пешак Н.Р.(38). Во незгодата, Н.Р. се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во болницата во Велес, каде била пренесена за укажување на лекарска помош - информираше Верољуб Додевски, портпарол на СВ Велес.

Бил извршен увид на местото на незгодата по што ќе бидат познати причините за сообраќајката.  Од велешката Болница информираа дека утрово било примено лица, повредено во сообраќајка.
 
Жената имаше отворена скршеница на лакот на десна рака и е пренесена на Клиника во Скопје, поради карактеристичната повреда - соопшти д-р Весна Николовска Неделкова, портпарол  на Општа Болница Велес.

Поврзани »

АКРЕДИТИВ ДООЕЛ
Друштво за сметководствени
услуги и финансиски консалтинг.
Тел: 071 390 738; 078 375 014
akreditiv14@gmail.com


АНКЕТА »

Како да се надмине состојбата со големиот број заразени лица, позитивни на ковид-19?

  • зголемување на казните за не носење маска
  • затворање на одредени градови, општини со голем број заразени лица
  • повторно воведување полициски час
Резултати