Пешачката патека на дел од Железен мост во Велес оштетена и опасна по минувачите

Петар Печков

Дотраената ограда на Железен мост е проблем за пешаците, поточно најмладите, децата. Во еден дел, над ѕиданиот дел од мостот таа е на повеќе места оштетена и уништена од времето. Граѓаните кои овој мост го користат како најкратка врска за центарот на градот, реагираат за состојбата, која е присутна со години. Оградата таму е на височина на 10-тина метри од земјата а не е подолга од стотина. 

Пешачката патека , која е покрај пругата е  исклучително опасна. Тука секојдневно  се движат и  деца кои одат или се враќаат на училиште, сами без придружба  и среќа е што до сега се нема случено несреќа. Тоа е патеката на Железниот мост токму над Економското училиште. Отворите од оградата  се толку големи што лесно може дете да се сопне и падне. Стравуваме за нашите деца. И самата патека е сериозно оштетена. Апелираме до Македонски железници, било да се Инфраструктура или Транспорт што поскоро да ја санираат оградата. Летово поставија нови прагови за шините на мостот, можеа и ова да го санираат - велат жителите од населбата Речани и околу Спомен Костурницата кои најчесто го користат Железен мост како врска за пристап до градот. 

Откако пред осум години на мостот се постави пешачка патека,  дел од него е  употреблив и за пешаците, не само за возовите на МЖ кои само два пати на ден го минуваат, на релацијата од и за Кочани. Летово пак беа заменети старите дотраени прагови над реката Вардар со 174 нови. Велешани додаваат дека е крајно време целиот мост да биде бојадисан и заштитен од временските неприлики, кои со годините го оштетуваат.  

loading...

Поврзани »

loading...


АКРЕДИТИВ ДООЕЛ
Друштво за сметководствени
услуги и финансиски консалтинг.
Тел: 071 390 738; 078 375 014
akreditiv14@gmail.com


АНКЕТА »

Дали имате доволно време да му посветите на Вашето дете/деца?

  • да, за нив секогаш имам време
  • имам многу обврски, тешко се наоѓа
Резултати