Планинарски марш за болните од ретката белодробна хипертензија

Петар Печков

Триесетина планинари од неколку граѓански здруженија виекдов се искачија на врвот Љута од планината Кадиица, регионот на Азот . Членовите на планинарските друштва Чеплес, Металург и Пелистер од Велес, Битола и Скопје во организација на Спортското  Планинарско друштво ,,Зелен рај,, од Велес со искачување на врвот на надморска височина од 1.670 м. н.в. испратија подрака за поддршка за болните од  ретката болест „Пулмонална -белодробна, хипертензија“.

Го искачивме врвот и ја пративме пораката до сите, го земавме здивот и им го даваме на тие што го немаат. Да бидат живи и здрави и имаат право и заслужуваат да живеат повеќе - порача Зоран Игновски претседател на  СПД „Зелен рај“.  

Мотото на маршот беше „Качи се на врв, земи здив – за живот“, со цел -да се подигне свеста кај населението за поддршка на луѓето кои боледуваат од  ретката болест.

Во Македонија има десетина  пациенти кои боледуваат од пулмонална хипертензија , тие немаат соодветен медицински третман. Овие лица секојдневно се соочуваат со недостиг од лекови кои ги нема на позитивната листа, па мораат да ги набавуваат  од странство и се скапи. Заболните  многу би значело  да имаат  центар за рехабилитација, на  планинско место, каде има чист воздух, кој  нив им е  неопходен.

loading...

Поврзани »

За дијабетесот
loading...

Macedonian butterfly

Македонска пеперутка (Филигран од хартија) Уникатна врамена слика со македонски мотив. http://anicasoleva.com/Handmade/Product/macedonian-butterfly-paper-filigree-framed-picture

Posted by Anica Soleva - Уникатни подароци од хартија on Sunday, January 8, 2017


АКРЕДИТИВ ДООЕЛ
Друштво за сметководствени
услуги и финансиски консалтинг.
Тел: 071 390 738; 078 375 014
akreditiv14@gmail.com


АНКЕТА »

Дали ВАР технологијата воведена на ова СП во фудбал, придонесе тоа да биде поправедно?

  • да
  • не
  • не го следев СП
Резултати