Победа за екипата на КМФ Велес и за КК Борец Баскет

Петар Печков

Со победа од 5:2 (2:2) во заостанат натпревар од првата футсал лига, екипата на КМФ Велес го започна вториот дел од првенството. Совладан беше КМФ Железарец од Скопје  со подобра игра во второто полувреме.Во редовното 16-то коло шампионот КМФ Велес требаше да игра со помладиот велешки прволигаш КМФ Велес, но средната не се одигра. Откако не одиграа во гости два натпревари ,,гемиџиите,, се дисквалификувани. По 16 кола КМФ Велес е втор со 41 бод четири помалку од лидерот КМФ Шкупи. Во следното коло велешани играат против последно

Со победа стартуваа и кошаркарите на Борец Баскет во Втората лига Исток. Тие во Куманово победија со 68:91 против екипата на КК Милановски. Велешани во првите две кола паузираа поради тоа што екипите на Лирија и Струмица се откажаа. По 11 кола велешани се петти со 18 бодови и со најава дека атакуваат на четвртото кое води во разигрување за пласман во Прва лига. Во следното коло играат дома, дерби,  со  Баскет КАМ од Македонска Kаменица, кој е сосед на табелата, шести со бод помалку.  

loading...

Поврзани »

loading...


АКРЕДИТИВ ДООЕЛ
Друштво за сметководствени
услуги и финансиски консалтинг.
Тел: 071 390 738; 078 375 014
akreditiv14@gmail.com


АНКЕТА »

Какви специјалистички здравствени услуги користите?

  • од јавното здравство
  • од приватното здравство
  • комбинирам
Резултати