Победа за кошаркарите на КК Борец баскет

Петар Печков

Одбојкарите на ГК Борец загубија со 2:3 (20,16, -21,-22,-13) на домашен терен иако водеа со 2:0. Во дербито на колото тетовци дојдоа до победата иако велешани беа на прагот. Ова беше натпревар од 9-тото коло и со тоа заврши есенскиот дел од првенството. Велешани се четврти со 19 бода и се пласираа во разигрувањето меѓу првите шест екипи. Бодовите освоени во овој дел од натпреварувањето се пренесуваат во вториот дел. Разигрувањето на најдобрите шест екипи продолжува напролет.    

Кошарките на КК Борец баскет во 10-то коло,  победија дома против екипата на КК Баскет КАМ со 89:85 во израмнет и возбудлив финиш.  Ова е четврта победа за велешани, кој е на 7-мо место со 14 бода. Во следното последно есенско коло играат со екипата на КК Хераклеја во Битола,  која досега има две победи и е последна.  

Фудбалерите на футсал екипата на КМФ Кеги моби го забележија првиот пораз во Втората лига во 7-то коло. Загубија во Штип од екипата на КМФ Мал Ајакс со 4:3 и  во израмнет натпревар со гол примен во финишот од средбата.  По ова 7-мо коло, КМФ Кеги моби останува на првото место со 12 бодови. Во следното коло, в петок, во Велес се игра дербито, гостува третопласираната екипа на КМФ Форца од Куманово, која е трет со бод помалку.

Ракометарите на ГРК Борец загубија во Богданци од екипата на РК Младост со 27:24 (12:12), иако лидерот на табелата поведе дури во 54-тата минута.    Ова беше натпревар од 11-тото коло на Првата лига група „А“. Во следното последно есенско коло во Велес  гостува екипата на РК Вардар од Неготино, која е трето пласиран со 27 бода, додека велешани се  6-ти со 12.

Во Првата пинг понг лига, екипата на Борец ТИМ викендов настапи и забележи два порази. И дата со по 4:1, од екипите на ТЕЛЕКОМ НЕЦ  и од екипа на КРИВА ПЛАНКА. И двете екипи се во врвот на табелата со по еден пораз и  шест победи. Велешани по девет кола имаат две победи.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати