Победа за одбојкарите и еден прекинат натпревар

Петар Печков

Продолжениот викенд , одбојкарите на ГОК Борец одиграа два натпревари. Во петокот во дербито на колото славеа во Скопје, каде го совладаа Вардар со 3:2 ( -28; 18, 18, -21; 12). До ова коло двете екипи ист број на победи.  Во натпревар со многу возбудливости, неизвесности и пресврти, велешани во тај брејкот стигнаа до победата и двата бода.  

Во неделата вечер се одигра и 8-то коло а одбојкарите на Борец беа домаќини на петто пласираната екипа на  Шутова од Кичево. Средбата беше прекината  во првиот сет, при резултат од 18:12, за домаќинот. Незадоволен од судиска одлука на главниот судија Орданче Амбарков, гостинскиот тренер го потегнал за свирчето, по што Амбарков отсвирил крај.  

Велешани  очекуваат да го добијат натпреварот со службен резултат 3:0. Во последното есенско коло, в сабота гостуваат на Весна во Пробиштип, кои како и ГОК Борец имаат  ист број на победи и тоа ќе биде  дерби за второто место на табелата.    

Фудбалерките на Борец во интересен и натпревар со пресврти загубија од струмичка Тиверија со 2:3, иако водеа во два наврати со 1:0 и 2:1.  Тоа беше дерби на Градски на  втор и четврто пласираната екипа.  Гостинките славеа со гол во судиското продолжение во 93-та минута иако претходно  ЖФК Борец имаше и статива и три гол шанси. Неискуството на велешанки го платија како и против есенскиот лидер Драгон, кој во Велес победи повторно во судско продолжение. По 11 кола ЖФК Борец есенскиот дел го заврши на 5-тото место со 22 бода. Првенството продолжува на пролет.

Ракометарите на Борец, поточно младинската екипа претрпе висок пораз од лидерот Пелистер од    Битола со  14:39 (6:20). Во отсуство на ракометарите од првата екипа, од кои повеќето чекаат исплата на пари за два месеци и испосници да го напуштат клубот, боите на клубот ги бранат младите ракометари. Тие беа лесно совладани од супериорниот тим на Пелистер.  И по ова 13-то коло екипата на ГРК Борец е седма со седум бодови а во наредното коло,  в среда играат во Скопје  против последно пласираниот тим на  Вардар Јуниор, кој има само една  победа.  

Победа забележа младиот тим на кошаркари на Борец баскет, кој дома славеше над   Баскет Кам од Македонска Каменица со 79:76, кои  до ова коло беа соседи на  табелата. По ова 8-мо коло, Борец баскет е трет со  13 бода и во наредното гостува  на Партизан Мулти шпед кој  е петти  со  12 бода. 

Во ова коло футсал екипата на Велес, која е лидер на првенството беше слободна. Во следното гостува на екипата на Кратово, која минатото коло му нанесе (не)очекуван пораз на првакот Шкупи.   

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати