Победа за одбојкарите и ракометен резултат за лидерот во Втората футсал лига, велешки КМФ Кеги моби

Петар Печков

Нова победа за одбојкарите на ГОК Борец, овој пат на гостувањето во Дебар. Со максимални 0:3 (18, 11, 16) совладана е домашната екипа на ОК Дибра волеј. Ова беше натпревар од втората фаза во разигрувањето за пласман од 7-мо до 9-то место. Велешани во трите средби имаат три победи.  Овој викенд ја пречекуваат екипата нa ОК Шкендија од Тетово, кој претходно ја совладаа и во гости.  

Во 16-тото коло од Првата футсал лига, КМФ Велес загуби во Скопје од екипата на КМФ Железарец со 5:4, иако по првите 20 минути водеше со 1:2. Следното коло велешани го пречекуваат лидерот КМФ Шкупи. 

Во 16-тото коло на Втората футсал лига, дома, во салата Гемиџии лидерот КМФ Кеги моби го победи КМФ Лозар со ракометен резултат 26:3. Во следното коло големо искушение за велешани кои се лидер на табелата, гостуваат на КМФ Форца, која заедно со КМФ Арбен Бајрами се кандидатите за прво место и пласман во Прва лига.  Претходно в среда во 1/4 финалето од Купот дома во салата Гемиџии, КМФ Кеги моби  играат со КМФ Клими од Кавадарци. 

Кошаркарите на КК Борец баскет доживеаја тежок пораз во Скопје од второпласираниот тим на КК Феникс со  89:55.  По 13 кола велешани се петти со четири победи и 16 бода, заедно со екипата на КК Шкупи. Во следното коло, дома  играат со МКК Куманово кој е претпоследен осми со три победи и 14 бода. 

Во првото пролетно коло од продолжението на Втората ракометна лига група 2, велешки ГРК Борец на домашен терен е поразен од  РК Партизан од Гевгелија со 24:30(10:13). Иако амбициозно најавуваа дека ќе забележат победа над екипата која досега имаше две, домаќините не успеаја и останаа последни, осми  со една победа и три бода. Во следното коло гостуваат во Гостивар на екипата на Јехона која е петта со четири победи и 13 бода.     

Пингпонгарите на Борец Тим ги загубија двата натпревари играни викендов во салата Борис Трајковски во Скопје и тоа со екипи со сличен квалитет.  Со екипата на Мултитекс, која имаше ист број бодови по 11, загубија тесно 4:3  а со соседот на табелтта Кочани кој имаше бод повеќе, загубија со  2:4. По 10 одиграни кола екипата на Борец Тим е  шеста  од осум  екипи со три победи и 13 бода, еден повеќе од претпоследната Пошта 2,а два помалку од завчерашните ривали Мултитекс и Кочани.  Следниот викенд се играат две кола и два тешки предизвика, велешани играат со лидерот Телеком НЕЦ и второпласираната екипата на Крива Паланка  2007.  

фото: архива

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати