Победа за одбојкарите и футсал екипата, фудбалерите, фудбалерките

Петар Печков

За помалку од еден час, одбојкарите на Борец забележаа максимална победа против екипата  на Лирија со  3:0 ( 7, 17, 14). Тоа беше полесен тренинг натпревар за домаќините, кои лесно дојдоа до три бода против гостите  од Тетово кои се со слаб квалитет.    По три кола ГОК Борец е шести со две победи а во следното коло гостува на Универзитет Гоце Делчев во  Штип, кои имаат четири порази и само еден освоен сет. 

Фудбалерките на Борец во  8-то коло во Битола против  Топ гол славеа со  6:1.  Уште една  убедлива победа за велешанки, кои против деветто пласираната екипа одиграа полесен тренинг.   Во следното 9-то коло Борец игра дома  со екипата на Кочани, која е седмо пласирана со  10 бода. Претходно в среда во куп натпревар од  осминафиналето, на Градски од 13ч. играат со Атлетико од Битола, со екипа чиј натпревар на стартот од првенството е  под истрага поради сомнителниот  настап на гостинките.  

Футсал екипата на  КМФ Велес во деветтото коло од Првата лига со  9:1 ја победи екипата на Мал Ајакс од Штип, која е шеста со 3 победи и 9 бода.  Без многу напор, убедлива победа за велешани кои остануваат на врвот.  Средбата се играше во Скопје по казната од претходното коло, од дербито  со Шкупи, кога навивач на гостите втрча во терен и удри домашен фудбалер. За ова средбата е регистрирана со службени 3;0 за КМФ Велес но екипата е казнета  поради слаба организација. Во наредното коло КМФ гостува во Миравци на екипата на Цико која е  петта со 10 бода. 

Пораз за ракометарите на ГОК Борец дома од скопски Пролет со 24:31 ( 10:19). Кога се судруваат со финансиски  проблеми ракометарите  на Борец играат се послабо па така во 10-тото коло од Супер лигата се поразени од екипата со која  одиграа нерешено на стартот во Скопје. Во салата Гемиџии, фуриозен почеток на  гостите, кои  поведуваат со     10:3 и предноста без поголеми осцилации ја  задржуваат до крајот на мечот.       Ивица Илиев повторно со 12 гола  беше најдобар кај домаќините а  Ласко Андоновски со  8  кај  гостите.   По ова  10-то коло Борец е седми  со    10 бода а во следното коло е слободен.  

Фудбалерите на Борец стигана до нова победа, но и себе и навивачите ги намачија. Трите бода се освоени со головите во финишот од дерби средбата  со  четврто пласираната екипа на Кожуф од  Гевгелија.  Борец 1919 победи со 2:0 со головите на Ѓоргиев со 84 и  Каланоски  во 89. По ова   13 коло Борец е втор со  26 бодови 4 помалку од  лидерот Беласица а еден повеќе до трето пласираната екипа на Брегалница. Во следното последно есенско коло Борец гостува  во Кавадарци на Тиквеш, кој е петти со 18 бодови. 

Се одигра и претпоследното 12 коло  од Трата лига  Центар. Во локалното дерби на  Градски бабуна  со  4:2 (2:1) го совлада ФК Превалец. Илинден од Башино село се покажа дека е   слаб противник и реди порази. Овој пат  дома со 4:0 загуби  од екипата на  Питу Гули од Крушево. Така Бабуна е втора со  31 бод додека Превалец е    петти  со  22 бода. Илинден БС е   претпоследен 13-ти  со 4 бода. Во последното коло, в недела  ФК Превалец игра со  екипата на ФК Братство која е  осма  со 13 бода, Бабуна гостува  во Големо Коњари против истоимената екипа  кој е деветта со  16 года.   Илинден БС пак гостува на седмо пласираната ФК Марена  која има    18 бода.  

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати