Победа за ракометарите, футсал екипата

Петар Печков

Ракометарите на ГРК Борец на домашен терен, во салата Гемиџии го  совладаа последно пласираниот Вардар Јуниор со 37:33 ( 21:16).   Во поголемиот дел  од средбата, велешани беа во водство, имаа предност која ја одржуваа за на крајот да слават за нови три бода. За одбележување е што Ивица Илиев постигна дури  15 гола , пет од 7 метри. Кај гостите Кукуловски имаше 10 а  Трпчевски  9 гола. По ова петто коло ГРК Борец е четврти  со 7 бода колку што имаат четири екипи .Во следното коло, викендов гостуваат во Битола  на Еурофарм   Работник, кој е  втор со ист број бодови 7.

 Вчеравечер, Управата на ГРК Борец поднесе оставка поради ,,неможноста за донесување на одлуки за понатамошно функционирање на Клубот како финансиски така и технички во веќе започнатата натпреварувачка сезона 2017/2018 год.,, Бараат новоизбраниот  градоначалник Аце Коцевски да се изјасни дали  Општината ќе продолжи да го финансира клубот.  

Екипата на футсал клубот ,,Велес,,  со осетно изменет состав реди  победи во Првата лига. На гостувањето во Скопје го победија Јувентус со високи 8:0.  

 Фудбалерите на второлигашот Борец на гостувањето во Кочани конечно победија. Го совладаа домаќинот ФК  Осогово со   1:2 (0:1). Стрелци за велешани беа Ристоски во 24 и Пановски во 75.   По ова  8-мо коло Борец 1919 се  искачи на петтото место со 13 бода.  Во дербито на есента лидерот Беласица, дома во Струмица одигра нерешено без голови  со второпласираната Брегалница од Штип. Тие имаат 20 односно 18 бода.  Следното коло, викендов Борец е слободен, оти Хоризонт  од Турново е исклучен  од лигата. Затоа утре, во 14,30ч. на Градски се игра реванш средбата од 1/8 финалот од Купот. Борец го пречекува освојувачот на  Купот Пелистер. Во првиот натпревар победија битолчани со 4:2.   

Викендов се играа натпреварите  од 7-то коло  на третата лига Центар.  ФК Бабуна победи  на гостувањето кај Младост  со 3:1, ФК Превалец играше нерешено  1:1 со  ФК Марена, додека Илинден од Башино село е поразен дома со 1:2 од ФК Росоман. По  ова коло Бабуна и Превалец се при врвот, втори и трети со 15 односно    13 бода, додека Илинден БС   е претпоследен 13 со 3 бода. Во следното коло  Превалец го дочекува Габер кој е 11-ти со пет бода,  Бабуна  во дербито игра со Питу   Гули кој е петти со ист број  бодови 13, а Илинден БС гостува на  тирето Вардар од Неготино.

Овој викенд петтото коло до Општинската фудбалска лига  е  одложено за следниот. 

loading...

Поврзани »

loading...
Macedonian butterfly

Македонска пеперутка (Филигран од хартија) Уникатна врамена слика со македонски мотив. http://anicasoleva.com/Handmade/Product/macedonian-butterfly-paper-filigree-framed-picture

Posted by Anica Soleva - Уникатни подароци од хартија on Sunday, January 8, 2017

Дежурство на аптеките (НОЕМВРИ)

АКРЕДИТИВ ДООЕЛ
Друштво за сметководствени
услуги и финансиски консалтинг.
Тел: 071 390 738; 078 375 014
akreditiv14@gmail.com