Победа за фудбалерките на Борец, два порази за пингпонгарите на Борец ТИМ

Петар Печков

Продолжи првенството од Првата фудбалска лига жени. Во 7-то коло, дома на Градски женската екипа на ФК Борец славеше со 3:2 против екипата на ФК Шкендија од Тетово. Гостинките беа седми 12 бода и четири победи. Во следното коло велешанки гостуваат во  Тетово на екипата  на ЖФК Љуботен.  Тетовчанки се осми со девет бода а ЖФК Борец е десетти со седум бода, две  победи и еден реми а едно коло велешанки паузираа.

Викендов во Кочани се одиграа две кола од Првата пинг понг лига. Екипата на Борец ТИМ забележа да порази, од Винспин со 3:4 и од домаќинот Кочани 2:4. По пет одиграни кола велешани имаат една победа и се шести од осум екипи. Во следните две кола Борец ТИМ игра со екипата на Крушево, која има исто како и велешани една победа а пото и со лидерот екипата на Мултитекс.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати