Победа за футсал екипата на КМФ Велес

Петар Печков

Во 17-тото коло од Првата футсал екипа сигурна и убедлива победа за шампионот КМФ Велес од  13:5 (6:2), против последно пласираниот тим на КМФ Шкендија од Тетово.  Со оваа победа велешани остануваат на второто место, со 44 бодови, 4 помалку од лидерот КМФ Шкупи.  Помладиот велешки прволигаш КМФ Гемиџии е суспендиран и тој повеќе нема да се натпреварува, оти не одигра два натпревари.  Во следното коло големо искушение за велешани гостуваат во Штип на третопласираниот тим на КМФ Астибо кој има 30 бода.

Започна пролетниот дел на Првата одбојкарска лига мажи. Екипата на ГОК Борец се натпреварува во втората група екипи, кои разигруваат за пласман од 7 до 10-то место. Гостуваше во Штип на Универзитет Гоце Делчев и загуби со максимални 3:0 (13;26;14). Во овој дел од првенството велешани се засилија и во своите редови ги вратија Филип Ајдаров,  Дејан Гиновски и Илија Илиевски. Во следното коло гостуваат во Дебар на екипата на Дибра Волеј, против кого ја имаат единствената радост и победа. 

Во 15-тото коло, од Втората кошаркарска лига во дерби на двете екипи соседи на табелата , неочекувано на домашен терен КК Борец Баскет загуби од КК Баскет КАМ од Македонска Каменица со 68:72. Така гостите им се реваншираа за поразот од есенскиот дел, кога велешани славеа со 59:63. По ова коло КК Борец баскет го дели  петтото место заедно со КК Баскет КАМ со по 19 бодови. Во следното коло велешани гостуваат на лидерот  КК Соколи 2000.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати