Победа и за фудбалерите и за фудбалерките на Борец

Петар Печков

После три месеци, конечно радост за велешките фудбалери во Прва лига. Во  17-тото коло, во дербито на дното во Битола го совладаа домаќинот ФК Пелистер со 1:3 (1:1).Се сретнаа двете најслабо пласирани екипи на табелата 11-та и 12-тата. Можноста за да поведат ја имаа домаќините уште во 2-та минута, но пеналот не го реализираше, Маневски кој ударот од 11 метри го пласираше над голот. Во 24` преку Ѓорѓиев велешани поведоа а во следата минута домаќините израмнија преку  Размоски. Во второто полувреме Ѓорѓевиќ го доведе ФК Борец во водство во 59`. Предноста ја зголемија во 73` со вториот гол на Ѓорѓиев а тоа беше и конечниот резултат од овој натпревар.  И со оваа победа ФК Борец остана на претпоследното место но сега со  12 бодови, три помалку од 10-то пласираната екипа ан ФК Тиквеш.   Во следното  18-то коло, последно есенско на Градски во Велес гостува лидерот ФК Шкупи.

Женската екипа на ЖФК Борец во претпоследното 10-то коло од Првата лига, на домашен терен ја совлада екипата на  ЖАС Јунајтед од Струга со 2:0) (0:0) со головите на Батиниќ во 68` и Максимовиќ 77. Иако велешанки се борат за висок пласман, ова беше прва победа на ЖФК Борец на домашен терен есенва, од пет настапи, но затоа имаат пет победи ан сите гостувања.   По ова коло тие остануваат на 4-тото место а во недела во последното есенско коло, вистински тест за квалитетите на велешанки, Гостуваат во Скопје кај екипата на ЖФК Скопје, која е лидер со  три бода предност.

Во 14-тото коло на Втората фудбалска лига Исток, во дербито на дното, на последно пласираните кипи во Житоше Прилепско, фенерџијата ФК Братство со 4:1 ја совлада екипата на ФК Локомотива од Градско и му ја предаде последната позиција. Во сабота во последното есенско коло 15-то по ред, ФК Локомотива игра со  Победа во Прилеп а домаќините се втори на табелата.   

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати