Победа на ФК Превалец за разделба од сезоната

Петар Печков

Во последното 26 коло од Третата фудбалска лига Југ, екипата на ФК ПРевалец, попладнево дома победи со 3:2 (1:0) против екипата на ФК Големо Коњари од истоименото прилепско село, која е шесто пласирана.

Со ова заврши сезоната 2021/22, поточно 2022- оти сите 24 натпревари се одиграа пролетва, што беше напорно за една аматерска екипа. Се играше среда - недела.  

ФК Превалец го заврши првенството втор, како и претходните сезони, секогаш при врв, но никако прв. 

За 24 натпревари фудбалерите на ФК Превалец постигнаа 100 гола, или по 4 на меч.Се радуваа 19 пати на исто толку натпревари,  претрпеа два порази и тоа од првакот ФК Вардар од Неготино и дома и во гости. 

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати