Победи за фудбалерките, футсал екипата и одбојкарите

Петар Печков

Женската екипа  на ЖФК Борец со 5:1 ја порази гостинската ЖФК  Кочани, во натпревар од  9-тото  коло на Првата лига. Велешанки кои се далеку поквалитетен тим лесно стигнаа до победа над  седмо пласираната екипа на табелата. Со ова победа  ЖФК Борец се зацврсти на третото место од табелата,колку што имаат и екипите на  Истатов и Ателтико од Битола.    Во ова коло се одигра дербито на најдобрите двете екипи во женскиот фудбал, каде Драгон со 2:0 ја совлада екипата на   Тиверија. Во следното 10-то коло, ЖФК Борец гостува во Струга на АС Јунајтед, кој е    шести со 15 бодови. 

Футсал екипата на  Велес  во 10-тото коло забележа ракометна победа. Во Богданци со 16:3 ја совлада домашната екипа на Цико,  која е   петта на табелата.  Со ова велешани  останаа лидер на табелата, но и со бодовна разлика, откако конкурентот Шкупи загуби во Кратово од истоимената екипа со 2:1.   Во следното коло КМФ Велес ја дочекува екипата на Хедис од Прилеп.     

Уверлива победа забележаа и одбојкарите на ГОК Борец. Со максимални 3:0 ( 17,19,21)  за помалку од еден час славеа во Штип, против тамошните студенти од Универзитет Гоце Делчев.  И во следното коло велешани играат против студентска екипа, и тоа Универзитет Тетово, кој е на дното од табелата, со само еден освоен сет и пет порази.  

Фудбалерите на Борец со пораз го завршија есенскиот дел до првенството. Во 14-тото коло, во Кавадарци се поразени од Тиквеш со 2:0, со головите на Дунимаглоски, постигнати во првото полувреме во 6 и 27 минута.    Со овој натпревар заврши првиот дел од првенството на Втората лига Исток а Борец 1919 го зазеде второто место  со 26 бодови, еден повеќе од трето пласираната екипа на Брегалница од Штип и четврто пласираниот тим на Кожуф од  Гевгелија. Лидер е струмичка Беласица со   30 бода, но овие три екипи имаат натпревар помалку од   велешки Борец.  Клубот најави дека  годинава ќе се бори за пласман во Првата лига. Таму директно оди  првакот а второ пласираниот игра бараж.  Напролет остануваат да се играат уште 13 кола а првенството продолжува на почетокот од март месец. 

Во Третата фудбалска  лига Центар се одигра последното 13 коло.  ФК Бабуна  со гостувањето во прилепско Горно Коњари и победа го заврши овој дел од  првенството. Славеше со 2:1 над деветто пласираната екипа.  ФК Превалец со реми дома, го заврши првиот  дел, со многу осцилации.    Играше 3:3  против Братство, која е осмо пласирана. Илинден од Башино село во кавадаречка Марена загуби  од истоимената екипа  која е  седма со 4:1. Лоша сезона за башиноселци резултираше да бидат претпоследни на табелата со само 4 бода, една победа еден реми  и лоша гол разлика од -25.  Превалец е шести со 23 бода а  ФК Бабуна е втора со 33 бода, еден помалку од есенскиот првак Вардар од Неготино. Првенството продолжува на  почетокот  на  март.    

Во Третата , најниска  лига  во кошарката каде настапува екипата на Борец Баскет  се играше  6-тото коло.  Велешани на гостувањето во Скопје, против екипата на Спарта победија со  66:89.  По ова коло младите велешки кошаркари се 6-ти со 10 бода, колку што има и  следниот нивен противник екипата на Пинк пантери од Куманово, со кого играат во  Велес.

loading...

Поврзани »

loading...

ИТНИ МЕРКИ ЗА НАМАЛУВАЊЕ НА ЗАГАДУВАЊЕТО НА АМБИЕНТНИОТ ВОЗДУХ ВО ОПШТИНА ВЕЛЕС

Советот на Општина Велес на седницата одржана на ден 27.11.2017 година, донесе
ОДЛУКА ЗА ДОНЕСУВАЊЕ ИТНИ МЕРКИ ЗА НАМАЛУВАЊЕ НА ЗАГАДУВАЊЕТО НА АМБИЕНТНИОТ ВОЗДУХ ВО ОПШТИНА ВЕЛЕС

Конкурс за стипендирање на талентирани ученици и студенти за учебната 2017/2018 година

Во согласност со Програмата на Комисијата за стипендирање на талентирани ученици и студенти на Советот на Општина Велес 25-5299/3. Комисијата за стипендирање на талентирани ученици и студенти на Советот на Општина Велес на ден 13.12..2017 година, распишува К О Н К У Р С

Macedonian butterfly

Македонска пеперутка (Филигран од хартија) Уникатна врамена слика со македонски мотив. http://anicasoleva.com/Handmade/Product/macedonian-butterfly-paper-filigree-framed-picture

Posted by Anica Soleva - Уникатни подароци од хартија on Sunday, January 8, 2017

Дежурство на аптеките (ДЕКЕМВРИ)

АКРЕДИТИВ ДООЕЛ
Друштво за сметководствени
услуги и финансиски консалтинг.
Тел: 071 390 738; 078 375 014
akreditiv14@gmail.com