Победи за фудбалерките со двата гола на Босилкова, за кошаркарите, КМФ Велес, сефте за одбојкарите

Петар Печков

 Прва победа за одбојкарите на ГОК Борец во втората фаза од првенството, во осмото коло. Тие во тај брејк, ја совладаа екипата на ОК Вардар со 3:2 ( 23, -17, -19, 22, 14) . Велешани се радуваа првпат во најсилното друштво, но и тие имаат само теоретска опција да исчекорат од четвртото место, и извесно е дека во полуфиналето за титулата ќе играат со ОК Џио Струмица.

Фудбалерките на Борец во 18-то коло од Првата лига, славеа во Битола, против екипата на ЖФК Атлетико со 1:2.  Победата за велешанки ја донесе Ангелина Босилкова која што два пати ја погоди мрежата на домашните. Со победата и трите бода  велешанки се искачија на 10-тото место на табелата, со 19 бодови.   Во следното коло, веќе в среда, дома на Градски, ЖФК Борец го пречекува лидерот ЖФК Саса Каменица.

Во првата футсал лига,16-то коло,  победа за екипата на КМФ Велес и пораз за КМФ Кеги моби. На гостувањето кај претпоследниот тим од табелата, КМФ Кратово, КМФ Велес забележа убедлива победа од 1:13 со која останува на седмото место но со 18 бода.  КМФ Кеги моби е поразен кај актуелниот првак КМФ Шкупи со 9:3,   а до ова коло беше трет со38 бода и е уште во борба за титулата.  КМФ Кеги моби  падна на 9-тото место, со 15 бодови.  Во следното коло 17-то коло се игра локалното дерби КМФ Кеги Моби - КМФ Велес.

Во 15-тото коло од Втората лига Исток, кошарка, беше успешна за КК Борец баскет. Велешани на домашен терен победија убедливо со  92:50, против КК Куманово 2, кој е осмо пласиран. По ова коло КК Борец баскет е четврти, место кое води во разигрувањето за пласман во повисок ранг, до крајот има уште три кола, а велешани имаа и еден неодигран натпревар.   Во следното гостуваат на лидерот КК Феникс 2010 во Скопје.

Во четвртото коло од разигрувањето за опстанок, ГРК Борец дома, неочекувано загуби од РК Текстилец 26:27. Штипјани досега имаа една победа, велешани три победи од три настапи, но овој пат непријатно беа изненадени во салата Гемиџии.   Во следното коло велешките ракометари гостуваат во Ресен на екипата на РК Преспа 2015, која е трето пласирана.  

Се одиграа две кола од пролетниот дел во Првата пинг понг лига, за машки. Велешки Борец ТИМ загуби од составот на Рисови со 2:4 а во следното 9-то  коло, не ја одигра средбата со Пошта 2, бидејќи таа е исклучена од лигата. Составот на Борец ТИМ е петти по девет кола со две победи, од седум екипи. 

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес

АКРЕДИТИВ ДООЕЛ
Друштво за сметководствени
услуги и финансиски консалтинг.
Тел: 071 390 738; 078 375 014
akreditiv14@gmail.com


АНКЕТА »

Дали Општина Велес да се задолжи со 46 милиони денари, за да се изгради покриен Градски пазар?

  • да
  • не
Резултати