Победи за футсал екипата на Велес и фудбалерките на Борец

Петар Печков

Футсал екипата не Велес во третото коло, дома,во салата Гемиџии со уверливи 7:3 ја победи екипата на Кратово. Со лесна победа велешани забележаа втора победа во Првата лига. 

Женската екипа на Борец дома со сигурна игра, по лошо време во саботата на Градски ја победи екипата на Зајас со 2:0 (1:0). Со оваа победа велешанки се искачија на третото место од Првата лига, со три победи и девет бода. Лидери се Драгон и Истатов без пораз, со сите четири победи.  Во следното коло, на крајот од октомври, Борец игра со Њу Јорк, кој е претпоследен и без  освоен бод а со само три постигнати гола. 

Ракометарите на Борец загубија во Битола од екипата на Пелистер со 33:29 ( 18:11). Домаќините беа постојано во  водство со сигурни до седум гола. Ракометарите на Борец не се заканија и заслужено загубија.  Илиев со 9 гола беше најефикасен во редовите  на  Борец . Кај домаќините Орхокинидзе со 9 и Митиќ со 8 гола.   По четири гола ГРК Борец е  шести со 4 бода. Сабота Борец игра со Вардар Јуниор кој има една победа и е осми.

Викендов младиот  кошаркар, велешанецот Оливер Тасков премина во екипата на КК Кожуф. 

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати