Победнички спортски викенд, за велешките спортски екипи

Петар Печков

Ракометарите на Борец  во серија, трета победа по ред, овој пат во возбудлив натпревар и драматичен финиш, во совладаа лидерот екипата на Охрид 2013  30:28, полувреме 13:16. До 45-тата минута гостите  беа во водство кога велешани израмнија на 22:22. По ова следуваше натпревар во кој двете екипи наизменично водеа, се менуваа во водство, со гол за гол а домаќините  ги одржуваше голманот Кире Димовски кој одбрани повеќе  ,,зицери,,.  Победникот беше речен во последните две минути откако беше нерешено 28:28 и со головите на Димитриевски и Ордев, Борец за некого неочекувано, но сосема заслужено победи.   Најефикасни кај ГОК Борец беа Димитриевски со 10 и Ордев со 7 гола како и 13-те одбрани на Димовски. Кај Охрид 2013  11 гола постигна Кобетиќ.  По ова 12-то коло Борец се искачи на 6-тото место со 17 бода во Супер лигата. Во следното повторно во Велес доаѓа сега новиот лидер екипата на Еурофарм Работник од Битола. 

Екипата на Велес во Првата футсал лига со уверливи 7:0 го победи СЕЕУ Тетово, кој е трет во лигата.     Стрелците на головите беа:  Игор Леовски, Таулант Исмаили (2 гола), Мартин Тодоровски, Александар Глигоров Драган Петровиќ, Иван Крстевски. Велес и натаму е прв со ист број бодови со Шкупи по 25, со тоа што велешани имаат подобра гол разлика. Во следното коло  гостуваат во Богданци на екипата на Чико кој е петти со 13 бода. 

 Во четвртото коло на Првата одбојкарска лига, драма во салата Блаже Конески, со среќен епилог за домаќините. ГОК Борец победи со 3:2 против екипата на  Лешок.  Гостите водеа со 1:0 и 2:1,  ( 20:25,  25:15, 20:25, 25:22, 15:8) а велешани успеаја да направат пресврт и во тај брекот  да освојат два бода.  Во следното коло велешани гостуваат во Скопје на Вардар, екипа која е сосед  на табелата четврта.

 Фудбалерките на Борец во последното коло, дома со високи 5:0 го совлада соседот АС Јунајтед од Струга. Со овие три бода велешанки се искачија на петто место со 10 бода. Првенството продолжува напролет. 

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати