Повеќе од 110 одделенија во училиштата во велешко со помал број ученици од минималниот

Петар Печков

Неодамна Советот на Општина Велес, донесе одлука со која повеќе  110  паралелки од основните и средни училишта можат да работат во  оваа учебна 2018/19 година,  со ученици под  законскиот минимум.   Во толку одделенија, има ученици  помалку од  колку  што е законски  пропишаната бројка  24.  

Најголемиот дел  од овие 103 се во основното образование додека 13 се во  средното. Најмногу  паралелки  има во најголемото велешко основно училиште Васил Главинов, заедно со неговите подрачни, цели 54.  

Градоначалникот на Велес Аце Коцевски смета дека бројот на наставен кадар е предимензиониран.

Бројот на ученици е рапидно намален.  Невозможно е да имате  драстично намалување на бројот на ученици а бројот на вработени да биде ист. Не може фиктивно, вештачки да одржуваме  паралелки со мал број ученици, за да наставниците имаат доволен, полн број часови.  За мене е неприфатливо со осум, девет ученици да има настава во еден клас. Се делат класовите за да може наставниот кадар да има полн фонд часови, што за мене е неоправдано. Во минатото се водела погрешна политика. Се трансформирал работниот однос  без да се има доволен фонд на часови.  - изјави Коцевски.   

Додаде дека во општината оваа учебна година ќе има дел од просветен кадар, кој ќе нема доволен фонд на часови а десетина наставници и професори се одлучиле да продолжат да работат, наместо да одат во пензија.  

За потсетување  минатата година тогашниот градоначалник Чадиев прашан дали во прашање е можеби предимензиониран број на просветни работници, во однос на  бројот на ученици,  тој  објасни дека се работи според стандарди.  

Постојат критериуми  по кои се работи. Фондот на часови го одредува  бројот на наставнички места. Имаме анализа со надлежниот  просветен општински инспектор за тоа колку просветен кадар,  каде  е потребен во општината, како и на кое место – објасни  градоначалникот  Чадиев кој тогаш беше на оваа позиција.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати