Повисока цена за комерцијално користење на спомен куќите на Народен музеј и Спомен костурницата

Петар Печков


Корисниците на услугите на велешките спомен музеи за фотографирање и снимање за комерцијални цели, ќе плаќаат повисок надомест. Со одлука на Советот на Општината, наместо 500 денари од ден, ќе плаќаат илјада денари.  Претходната цена беше со важност од 2014-та година. 

Ова се однесува на спомен куќите на  Васил Главинов, на Кочо Рацин, Спомен Костурница, на музејските збирки во зградата на Народен музеј и за објектите од Меморијалниот Комплекс во  Горно Врановци.

„Зачестија барања за снимања на спотови и други  активности   на   медиумските   куќи   со   што   се   зголемуваат  трошоците   во работењето со дополнително одржување на хигиената, користење на електрична енергија, неколку часовно  ангажирање на вработен. Ангажиран е  вработен кој во работните денови мора да го напушти работното место, истиот  треба да се грижи за редот и дисциплината на објектот во кој се вршат снимањата или фотографирањата. Најчесто овие активности  се  случуваат  за  време  на  викенд и празници, со  што  се  нарушува законскиот предвиден рок за  одмор  на  вработените  согласи  Законот  за  работни односи“ - е  објаснувањето на причината за покачувањето на цената  одлуката на велешкиот Народен Музеј.   

Во последните денови на месец март, во Спомен Костурницата во Велес, се снимаше научно фантастичен филм од Украинско производство, во копродукција со Македонија, Србија и Хрватска. Висината на финансискиот надоместок за користење на Спомен куќите на физички лица останува непроменета, 300 денари во работен ден, 500 во неработен.

Доколку фотографирањето и снимањето на објектите  и  музејските  збирки  се   во  функција на популаризација и презентација на институцијата и културното наследство, надомест  не се наплатува.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати