Повторно кај Степанци откриeни дрвокрадци

Петар Печков

Во заедничка акција на велешката полиција и шумската полиција, фатено е едно лице како врши недозволена сеча кај селото Степанци на планината Мукос.Овој дел  често е мета на дрвокрадци поради далечината од Велес и шумскиот пат кој го користат за сеча. Вообичаено како превозно средство се користат стари возила ,,лада нива,,.

Петокот вечерта, кон саботата, на ден 22/23.03.2019г. во времето од 19 до  4ч. од страна на припадници на Полициска станица – Велес и припадници на Шумска полиција-Велес во атар на село Степанци фатено е лице кои вршело бесправна сеча и превоз на огревни дрва, и тоа, со возило „Лада Рива“ без регистарски ознаки, управувано од Ф.Ќ.(31) од Прилеп натоварено со огревни дрва. На местото било затекнато и друго возило „Лада Рива“ без регистарски ознаки натоварено со огревни дрва. Возилата со огревните дрва се одземени и однесени во кругот на Шумска полиција – Велес. Ф.Ќ. бил приведен и задржан во Полициската станица Велес, а по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава - информираше Верољуб Додевски портпарол на СВР Велес.  

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати