Повторно на наплатна рампа Сопот, уапсено лице кое пренесувало дрога, одреден му е и притвор

Петар Печков

МВР соопшти дека вторникот попладне на 13-ти април, на автопатот Скопје- Велес, пред наплатната рампа Сопот, полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција, Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи во координација со СВР Велес, го лишиле од слобода лице кое пренесувало дрога- кокаин.

„При преглед извршен на патничко возило џип „ауди“ каде како сопатник бил А.А. (31 год)  и личен преглед бил пронајден кокаин“ соопштија од МВР.

ОЈО   Велес информира дека  донело  наредба за спроведување на истражна постапка против едно лице од Велес на возраст од 31 година за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промeт наркотични дроги.

„Осомничениот, на 13 април, неовластено заради продажба држел наркотична дрога – кокаин во количина од 7,45 грама спакувана во едно полиетиленско пакување. Дрогата ја купил во Скопје од засега непознато лице, па со автомобил се упатил кон Велес. Пакетчето со дрога го држел скриено во левата патика, но му било пронајдено и одземено од полициски службеници на наплатната станица Сопот“ соопштија од ОЈО Велес.

Имајќи предвид дека постела  опасност од повторување на кривичното дело и опасност од бегство, со оглед на тоа што осомничениот подолг период престојувал во Република Германија и имал намера повторно да замине таму, јавниот обвинител до Судот достави предлог за определување притвор.

„Предлогот беше прифатен од страна на судијата на претходна постапка на Основен суд Велес и определен е притвор во траење од 30 дена“ дополнија од ОЈО Велес.
 
Во неделата попладне кај прилепчанец беа пронајдени 19,91 грам хероин и тој доби мерка притвор.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати