Повторно два смртни случаи на лица позитивни на ковид-19

Петар Печков


Во велешка Болница регистрирани се нови два смртни случаи, на лица позитивни на ковид-19 а последиците од заразата биле фатални за нив.

Во текот на вчерашниот ден,попладнето, починати се двајца пациенти, жена на 75 годишна возраст од Велес, лекувана два дена на Инфективно одделение и маж на 77 годишна возраст ,од Градско  лекуван два  дена  исто така на Инфективно одделение - соопшти д-р Елеонора Јованова, портпарол на Општа Болница Велес.
 
После  овие два случаи, бројката на починати лица од велешко, поради последиците на корона вирусот е 92 пациенти.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати