Повторно 20 нови случаи на позитивни на ковид-19 во велешко

Петар Печков

Како и вчера и во донесениот билтен за изминатите 24 часа, во велешко има 20 нови случаи на лица позитивни на ковид-19.

Како оздравени се водат седум лица. Или бројот на активни случаи на лица со корона вирус во велешко, во кое влегуваат и соседните општини Градско и Чашка е 287. 

Во велешка Болница хоспитализирани се  53 пациетни,  од кои  42 се потврдени позитивни, двајца сомнителни  и девет пациенти со негативен тест но задржани на болничко лекување.

„На кислородна поддршка се 25 пациенти. Испишани се девет пациенти како оздравени со по еден негативен тест“ - информира д-р Елеонора Јованова портпарол на велешка Болница..

На  Инфективно одделенеи згрижени се   30 пациенти, на Интерно четворица  и во Модуларната болница 19.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати