Повторно 5,3 години затвор за убиство во обид во Горно Јаболчиште

Петар Печков

Како и пред две години, така и во повторната постапка  двајца братучеди од Горно Јаболчиште добија по 5 години и три месеци затвор за  убиство во обид.  

Обвинетите  Фахрудин Дурмишев  (27 год) и Шазивар Дурмишев (40 год)  повторно беа прогласени за виновни за  настан кој  се случи во Горно Јаболчиште  на 15 август 2012-та година, за две кривични дела,  убиство во обид и предизвикување општа опасност.

Според обвинението  Фахрудин и Шазивар   попладнето  околу 19,00 часот,  се обиделе да го лишат од живот соселанецот  Ќемал  Синанов поради претходно меѓусебно влошени односи.   Двајцата обвинети, заедно со уште две други лица, се возеле на мотор, и кога биле пред куќата на Синанови од гаражата излегол Џемаил    при што со моторот кој го управувал  Фахрудин бил удрен и прегазен на десната нога и паднал.

По ова за да му помогне притрчал Ќемал, врз кого  од пиштоли двајцата обвинети  испукале неколку истрели кон оштетениот Ќенан нанесувајќи му прострелни рани на рацете, при што се здобил со тешки повреди, од кои морал да биде згрижен во Ургентен Скопје.  

Обвинетите го негираа делото,  Шазивар тврди дека кога минувал со моторот  покрај Синанови, од некој од нив  бил удрен со мотка по глава  а како доказ има лекарско уверение дека  има нагмечување на меките делови на главата со потрес на мозокот, повреди  на левото колено и левото стапало и дека повредите  биле нанесени со тврд предмет- стап.

Адвокатите  на оштетените  тврдат дека  не се земени отисоци, парафински ракавици, не е пронајдено оружјето, а  истрагата спроведена од полицијата е водена исклучително нестручно и непрофесионално.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати